Контакт

Daily news

Delta Funktionen, Damien Dubrovnik и Headless Horseman на Desonanz 2017

Објавено пред

Истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Delta Funktionen од Берлин, вечерва (седми декември) ќе настапи во МКЦ како дел од клупската програма на деветтото издание на фестивалот Desonanz, во соработка со фестивалот Таксират. Desonanz е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

Сетовите на Delta Funktionen се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност, како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. Оваа година Delta Funktionen со неговите настапи ги запали берлинските Tresor и Berghain, ја започна својата резиденција во Shelter Amsterdam и приреди незаборавна журка во клубот Epicentar во Скопје. За своите сетови, Delta Funktionen вели дека раскажува приказна која нè води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа плочи.

Приказната на вечерта ќе ја почне Apostolski (Drop Series), чии вешти миксови и еклектичен избор совршено ја загреваат атмосферата, а вечерта, завршен збор ќе има Mitrik (Room 313).

Фестивалот Desonanz ќе продолжи в петок во Македонската филхармонија со концертот на данското експериментално дуо Damien Dubrovnik, кое на скопската публика ќе ` приреди уникатно концертно доживување. Damien Dubrovnik (Posh Isolation ::: Copenhagen_DK) е егзотичен и несекојдневен проект на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа Posh Isolation од Копенхаген, Loke Rahbek (Croatian Amor) и Christian Stadsgaard (Vanity Productions). Настапите во живо на Damien Dubrovnik се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика туку и по нивните луцидни психосексуални сценски перформанси и неверојатната харизма што ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивнот проект на македонските етноџез-експериментатори String Forces (во комплетен состав) за Desonanz Festival, специјален аудиовизуелен перформанс насловен „Dig Deeper”, односно „Копај подлабоко”. Овој концерт има за цел да понуди подлабок осврт на опусот на String Forces, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од поп мејнстримот, како и неколку уникатни, подлабоки и психоделични верзии на препознатливите хитови. Вечерта ќе ја отвори Vedis (Broccoli Music / MK), електроакустичниот проект на Klara kоја вооружена со својот глас и неколку егзотични инструменти ќе ја одведе публиката на магично аудио-визуелно патување.

За петок во МКЦ е најавена вртоглава аудио-визуелна вечер предводена од маскираниот берлински техно/IDM продуцент Headless Horseman – мистична фигура на електронската сцена и највозбудливиот хардверски техно перформанс во моментов на планетата!

Неговите концерти/настапи во живо се врвен доказ за техничката спремност, но и сценографската ексцентричност која Headless Horseman ја поседува во изобилие и ја покажува на камера за Boiler Room Berlin, како и низ настапите во Berghain, Corsica Studios, Razzmatazz, Tresor, Circus Tokyo… Овој перформанс е негово деби во Скопје и дел од светската турнеја на неговиот албум и видеопроект „Sanctuary”. (Н.Б.)

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 часа

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија17 часа

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ18 часа

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет21 час

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија21 час

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија21 час

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија24 часа

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ24 часа

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Македонија1 ден

Њујорк: Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Како...

Вести2 дена

Помпео: Северна Кореја сака економска помош и безбедносни гаранции

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јасно им рече на Американците дека за возврат за денуклеаризацијата сака економска помош и...

Македонија2 дена

Иванов очекува да го добие предлогот за името написмено

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, заменик на помошник-секретарот во Стејт департментот на САД, уште еднаш ја истакна потребата...

Македонија2 дена

Груевски се огласи по пресудата: Доаѓаат подобри времиња

Главата горе, горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, доаѓаат подобри времиња, порача експремиерот Никола Груевски, кој денеска беше...

Економија2 дена

„Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

Запирање на стечајот на „Фени“, впаричување на имотот и јавна лицитација за избор на компанија што ќе стопанисува со комбинатот,...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Mислам дека Груевски е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, одговорија од...

Македонија2 дена

(Видео) Ќе горите живи, нема да излезете од судот, извикуваа демонстрантите пред кривичен суд

Пцости, клетви и закани до судиите упатуваат насобраните луѓе пред кривичниот суд, реагираат по изречената пресуда затвор за експремиерот Никола...

Македонија2 дена

(Видео) Никола Груевски осуден на 2 години затвор за „мерцедесот“

Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката...

Македонија2 дена

„Убивме човек”, го читаше судијата повлечениот исказ на Хаки Азири за „Монструм”

Над 2 часа трае рочиштето на кое петтообвинетиот во „Монструм“, Хаки Азири говореше што правел на критичниот ден кога се...

Македонија2 дена

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Во Македонија денеска има над 40.000 неписмени луѓе, покажуваат податоците кои осамнаа во центарот на Скопје, најверојатно по повод утрешниот...

Досие