Daily news
„За заедничка Македонија“ не гледа причина од присуство на полиција на протестите
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ 71-ви ден по ред одржува протестен марш повторувајќи ги истите барања – да се одржат нови избори и да се отрфли Тиранската платформа. Еден од предводниците на насилниот напад во Парламентот Богдан Илиевски, потенцираше дека протестите се мирни и дека нема потреба да се тормозат толку многу полицајци кои се таму за да го чуваат редот.
„Ние 60 дена протестиравме на најмирен, најдостоинствен начин. Не по наша вина или волја се случи на 27 април нешто што не требаше да се случи. Меѓутоа, од утредента до ден денеска повторно докажавме дека ние сме граѓани кои што ја сакаат оваа земја и си го реализираат своето право што го дава Уставот, што го даваат законите, на мирен протест да излезат и да се борат за она што го сакаат и она во што веруваат. Да им покажеме и докажеме дека е непотребно да тормозат толку многу припадници, чувари на редот и мирот“, изјави Илиевски.
Тој повика на нови избори, за да се види дали граѓаните ја поддржуваат Тиранската платформа.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
