Daily news
„За заедничка Македонија„: Сплотениот и одлучен народ победува
Завршија 40-те по ред протсети предводени од иницијативата „За заедничка Македонија„, со багери и мотори напред, поворката по воспоствениот обичај тргна од пред Владата на РМ и со бројни знамиња и транспаретни го мина патот до Собранието.
Таму организаторите одржаа кратки говори од кои беше порачано дека сплотениот и одлучен народ победува и дека не смее да има опуштање, затоа што црните сценарија се уште се возможни.
Според нив, повторно ќе има обиди за воведување на Тирансакта платформа на ниво на влада, што не смее да биде дозволено. Протестите продолжуваат наредната недела, секој ден со почеток во 17 часот. „крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
