Контакт

Daily news

За снимањето на „Очи ширум затворени“ Кјубрик се подготвувал 30 години

Објавено пред

„Она по што најмногу е запаметен Кјубурик, е тоа што секогаш ги поместуваше границите, се обидуваше да направи нешто невообичаено и како сите навистина големи уметници и тој ги преминуваше границите, како на пример француските импресионисти, како Тарнер, Бергман, сите тие се обидуваа да направат нешто што е вредно и што нема да исчезне во времето“, рече Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик на вчерашното гостување на СФФ.

По синоќешната проекцијата на филмот „Пеколен портокал“ на Кјубрик, во рамките на Скопскиот филмски фестивал, во киното „Милениум“, разговор со публиката имаше специјалниот гостин на фестивалот Јан Харлан.

„Овој филм „Пеколен портокал“ е стар 45 години, од премиерата на „Одисеја 2001“ наскоро ќе бидат 50 години, утре ќе го видите „Лолита“, има 60 години откако е снимен. Делата на Кјубрик траат, тие се актуелни, не исчезнуваат и мислам дека тоа е клучно за секој голем уметник“, раскажуваше Харлан за соработката со еден од најголемите режисери.

Големината на Кјубрик, според Харлан е во тоа што секогаш ги поместувал границите границите и се обидувал да направи нешто невообичаено.

„Како и сите уметници што навистина се големи и тој ги преминуваше границите, како на пример француските импресионисти, како Тарнер, Бергман, сите тие се обидуваа да направат нешто што е вредно и што нема да исчезне во времето . Кјубрик не беше заинтересиран да направи голем број филмови, она што него го интересираше е да направи филм што ќе биде значаен и што на публиката ќе и’ каже нешто што би можело да предизвика нешто во вас. „Пеколен портокал“ е типичен пример за тоа, ова е многу политички и како таков,  и многу тежок филм. И бидејќи работев со него, можам да ви кажам дека тој секогаш мораше да биде задоволен со сработеното. Се разбира дека филмовите ги правеше за публиката, но таа беше на второ место. И навистина е така и со композиторите, писателите, сликарите, тие први мора да бидат задоволни со своето дело, за да и’ го предадат на публиката. Ако размислуваш што сака публиката, ако правиш нешто само заради публиката -тогаш си изгубен.“, рече Харлан.

Тој откри дека за Кјубрик, најомилен дел од режирањето бил процесот на подготовките на филмовите, дека многу читал, дека сакал да гледа тенис на телевизија, дека не сакал често да излегува од неговата куќа и дека сите подготовки за филмовите се одвивале кај него дома, се’ додека не почнело снимањето.

„На пример, на подготовките на филмот „Очи ширум затворени“ тој работеше околу 30 години. Тоа беше најтешкиот филм во неговата кариера. Во почетокот имаше идеја главниот лик на еврејскиот лекар да го игра Вуди Ален“, рече Харлан.

На прашањето дали соработката со Кјубрик била лесна, Харлан одговори дека „лесно“ не е релевантна категорија и дека Том Круз му кажал дека е сигурен

дека веќе никогаш во животот нема да доживее ништо слично како што била работата со Кјубрик.

„Никол (Кидман) и Том го сакаа Кјубрик. Кога го работев мојот документарен филм за „Стенли Кјубрик: Живот во слики“, го прашав Том Круз дали би сакал

да го чита текстот, затоа што сакав големо име, тој веднаш прифати, без размислување, заради почитта и љубовта кон Стенли.“, рече Харлан.

Тој раскажуваше дека со Кјубрик прв пат се сретнал 1963 година и не ни сонувал дека некогаш ќе работи со него, но потоа подобро го запознал кога

сестра му се омажила за Кјубрик и кога тој работел со Артур Кларк на сценариото за филмот „ 2001: Одисеја во вселената“ и бил фасциниран од

неговата личност.

„И тогаш сфатив дека научниците и уметниците се слични бидејќи никогаш не запираат, никогаш…бевме на вечера со Стенли и со Артур Кларк и тие зборуваа

за милионите галаксии и ѕвезди, зборуваа за илјадниците планети и можноста на некоја планета да постои живот. Тогаш бев млад, не знаев многу за

астрономијата, но ме фасцинираше нивниот разговор. Потоа заминав во Европа, живеев во Цирих, се оженив, добив деца, а тој се пресели во Англија. По шест

години почнав да работам со него на проектот „Наполеон“ и си мислев: ќе работам со него само една година, но проектот не се оствари, а јас продолжив да

работам со него уште 30 години до крајот на неговиот живот.“

Одговорајќи на прашањата од публиката, Харлан рече дека е невозможно да се одговори зошто Кјубрик употребувал одредени изразни средства во своите дела, како на пример, зошто злото во филмот „Пеколен портокал“ е претставено со белата боја.

„Во моментот кога ќе почнете да интерпетирате веќе правите грешка. Тоа е како да го прашате Шагал зошто насликал магариња што летаат. Кјубрик слично ја

употреби црвената боја во „Очи ширум затворени“.

За филмот „Full metal jacket“, Харлан рече дека тој не е конкретно посветен на војната во Виетнам, туку повеќе на секоја војна и поконкретно на перењето на

мозоците на младите луѓе. „Стенли се обиде да најде актери на деветнаесетгодишна возраст, на кастингот прегледа околу 2000 снимки на

актери од Чикаго, за да најде седум актери, најде само еден и се откажа. Актерите во филмот се постари и тоа не е реалистично бидејќи Морнарицата

бара млади момчиња што може да ги тренира, а не формирани мажи. Стенли тука направи компромис заради тоа што најде соодветни актери шт може да го

изразат тоа што тој сакаше да го покаже“. Харлан кажа дека Кјубрик сакал да работи со истите луѓе, особено со неговиот

директор на фотографија.

„Луѓето сакаа да работат со Кјубрик, тоа беше исклучителен процес на учење, тој не брзаше, работеше долго време што беше одлично за екипата и за

актерите“

Кјубрик бил голем филмофил.

„Тој обожуваше филмови, сакаше филмови што се сосема различни од неговите и тоа е карактеристика на сите големи уметници, Кјубрик ги сакаше филмовите на Карло Саура, Вуди Ален, Стивен Спилберг, режисери што праве сосема различни филмови од оние што тој ги правеше. Го сакаше Тарковски, но особено Кишловски и неговиот „Декалог“.

Тој сакаше и многу да чита, кога ќе се заинтересираше за некоја тема, читаше се’ за тоа, на пример кога го подоготвуваше „Наполеон“, прочита речиси се’

што имаше за него. Омилени му беа Артур Шницлер, Чарлс Дикенс, класиците, Џејн Остин…тој постојано читаше.

На прашањето од публиката дали Кјубрик го режирал „лажното“ слетување на Месечината, Харлан одговори дека е тоа комплетна бесмислица.

Харлан рече дека она што најмногу го интересирало Кјубрик била политиката.

„Сите негови филмови, всушност, се политички. „Paths of Glory“, „Dr. Strangelove“, „2001 Одисеја“ е за манипулацијата. „„Full metal jacket“, „Очи

ширум затворени“ и тие зборуваат за политиката. Ако ги анализирате, понекогаш тоа е поотворено, другпат не е. Се сеќавам кога почна војната во

Ирак, тој гледаше телевизија и рече: се надевам не сум направил документарец, мислејќи на неговиот филм „Dr. Strangelove“.

Јан Харлан бил извршен продуцент на филмовите „Пеколен портокал“, “Очи широко затворени“, „Сјајење“, „Бери Линдон“, „Full Metal Jacket“ и други на

легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Тој е и извонреден познавач на делото на Кјубрик и автор на голема изложба посветена на Кјубрик.

Поводот за гостувањето на Харлан на „Скопје филм фестивал“ е првата македонска ретроспектива на еден од најголемите светски режисери која се

одржува во рамки на фестивалската програма. Разговорот со Јан Харлан го водеше Гена Теодосиевска. крај /мф/ав



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите Нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија56 минути

Собраниска седница за избор на заменици-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министрите...

Македонија2 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија11 час

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија17 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет17 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија18 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија19 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија19 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија20 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија21 час

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа23 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија23 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија23 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет1 ден

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија1 ден

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет2 дена

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија2 дена

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија2 дена

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Досие