Контакт

Daily news

Згаснувањето на „Фени“ ќе ги направи транспортерите бездомници, ги заложувале куќите за да купат камиони

Објавено пред


Евентуалното згаснување на металуршкиот комбинат „Фени индустри“ ќе повлече затворање на уште стотина фирми, од кои 56 од Кавадарци, кои вршеле транспорт за фабриката. Транспортерите се жалат дека фирмата ќерка на „Фени“, „Нова логистик“, задолжена за транспорт, им должи околу 4 милиони евра оти не ги плаќала обврските со месеци.

„Сите сме заглавени со кредити и хипотеки, а веќе осум месеци ‘Нова логистик’ не ни плаќа. Ќе нè направат и бездомници оти многумина ги заложија куќите за да купат камиони. Во Кавадарци овие 56 фирми транспортери имаат околу 200 камиони, сите возат за ‘Фени’. Ние сме сведоци на деструктивно работење веќе 2,5 години, цело време сме под притисок. ‘Нова логистик’ ги добива парите од ‘Фени’ за транспортот за 45 дена, нам ни ги исплаќаше прво на 140 дена, па на 240 дена и сега уште ништо не ни исплатиле. Лани нè натераа да потпишеме дека долгот ќе ни го исплатат во 2017 година. Да сме ја помогнеле фабриката. Принудени бевме да потпишеме, ако не потпишеш, нема да ти даде налог и пропаѓаш“, вели еден од транспортерите.

Вработени од „Фени“ велат дека на раководството му било битно транспортерите да се исплатат во 2017 година за да можат нечепнати да ги извадат 68-те милиони долари депонирани во банка за покривање на работењето на фабриката. Банките потврдија дека оваа сума останала нечепната и на крајот на 2016 година, а раководството во фабриката си ги повлекло парите во целост.

Последниве неколку дена до транспортерите стигнал предлог од „Нова логистик“ да потпишат за долгот да се префрли на „Фени“ за да влезе во стечајна маса.

„Јас на такво нешто не сум согласен. Не сакам да влезам во правни лавиринти. На колегите, пак,  што се обидоа, нотарите одбија да им направат такво префрлање. Ние одлучивме парите да ги бараме од ‘Нова логистик’ оти со нив имаме договори. Имаме интензивни состаноци, формиравме одбор од 5 луѓе и се подготвуваме за тужби“, вели транспортерот.

Во фирмата „Нова логистик“ никој не одговара на телефоните. Не одговорија ниту на прашањата испратени на нивната адреса на е-пошта. Адвокатското друштво „Апостолски“, правен застапник на БСГР, малцински акцинер на „Кунико ресурсис“, групацијата во чија сопственост е „Фени индустри“, поведе кривична постапка против Надица Атанасова-Кабранова, заедно со постапката за директорот Јусуф Миракхмедов. Постапката ја поведоа за злосторничко здружување, за вршење многубројни нелегални трансакции и активности меѓу ‘Фени индустри’ и ‘Нова логистик’, преку кое е вршено перењето пари, при што ‘Нова логистик’, иако била фирма ќерка на ‘Фени индустри’, на незаконски начин, според „Апостолски“, преминала во сопственост на Надица Атанасова-Кабранова.

За работењето на „Нова логистик“, фирма ќерка на „Фени“ која била приватизирана, предмет отвори и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

 

Синдикатот на „Фени“ ги оставил вработените без огревно дрво

 

Повеќето од вработените во „Фени“ ја искористиле поволноста што ја нудел Синдикатот за купување огревно дрво на рати. Договорот бил дрвата да ги добијат во септември. Тие го почитувале рокот и ги исплатите ратите, но дрвата не ги добиле и два месеца по истекот на рокот.

„Секојдневно бараме од претседателот на синдикатот да ни ги донесе дрвата, платени се со наши пари, но дрва нема. Се сомневаме дека синдикатот ги злоупотребил и овие пари што тешко сме ги одвојувале за да имаме греење во зима. Уште повеќе нè револтира фактот што некои колеги, блиски до раководството, ги добиле дрвата“, вели вработен во „Фени“.

Доцнењето на дрвата е само една од многуте забелешки за претседателот на синдикатот, Ѓоре Палитов. Тој не се јавува на мобилниот телефон за да одговори на обвинувањата.

Вработените во „Фени“ велат дека и тие ретко го гледаат и го обвинуваат дека е продолжена рака на раководството кое притиска фабриката да ја добие бугарски „Енекод“ и покрај тоа што фирмата пријавила загуби на почетокот на оваа година.

„Палитов одлуките ги носи сам или евентуално со уште неколку луѓе што се на раководни позиции. Сака да нè убеди да штрајкуваме пред банките, кога ние баравме штрајк, беше глув и ги бркаше од работа луѓето што ќе се осмелеа да спомнат штрајк. Целосно изгубивме доверба во него и веќе се организираме да избереме ново синдикално раководство“, велат вработени во „Фени“.

За фабриката, по иницијатива на банките поради долг од 40 милиони кон нив и уште 20 милиони евра кон други доверители, отворена е претстечајна постапка. Рочиштето на кое ќе се одлучува дали ќе се отвори стечај е закажано за 13 ноември.

 

(М.И.П.)

 

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Daily news

Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Објавено пред

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.

Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.

Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.

Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија1 час

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија3 часа

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија4 часа

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија5 часа

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Македонија5 часа

(Видео) Пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица

На свечена церемонија денеска напладне е пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10...

Македонија5 часа

(Видео) Скопје ќе зајми полицајци од други градови

По акцијата за контрола за присуство на алкохол кај возачите викендов во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави...

Македонија5 часа

Тајна средба на Димитров и Коѕијас во Виена?

Изминатите неколку денови грчките медиуми шпекулираат за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и...

Топ6 часа

Почина мотоциклистот од сообраќајката кај Битола

Мотоциклистот кој вчера учествуваше во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен починал во Клиничката болница Битола. МВР соопшти дека се работи...

Македонија7 часа

Извештајот на СЈО денеска на собраниската комисија за политички системи

Новиот шестмесечен извештај на специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе се најде на...

Економија7 часа

СДСМ е фатен во милионски криминал со државни пари во ЕЛЕМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ преку договор склучен во четири очи е фатен во милионски криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ.СВ-Инвест и РЕК...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кого го штити Заев за случајот „Монструм“?

„Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт...

Македонија1 ден

Владата ги објави националните стратегии за спречување екстремизам и борба против тероризмот

Владата ги објави националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно...

Свет1 ден

Над 50 загинати во Кабул, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот

Во бомбашкиот напад во Кабул расте бројот на загинати. Според најновите информации, загинале 52 лица, меѓу кои 21 жена и...

Економија1 ден

Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни...

Македонија1 ден

Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со...

Македонија1 ден

Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на...

Македонија1 ден

Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно...

Регион1 ден

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Досие