Контакт

Daily news

Зошто седењето е опасно колку и пушењето?

Објавено пред

Седечкиот начин на живот три пати го зголемува ризикот од дијабетис и е поврзан со ризици за болести на срцето. Неактивноста е еден од најголемите убијци на возрасните луѓе, тврди Светската здравствена организација.

Најстрашно е тоа што резултатите од студијата покажуваат дека ефектите се исти, дури и кога лицето кое долго седи, во остатокот од денот се занимава со физички активности.

– Повеќето луѓе сметаат дека ако вежбаат секојдневно, нема да имаат проблеми поради долгото седење – вели истражувачот др. Ема Вилмот, чиј тим од Универзитетот во Лестер анализирале 18 студии кои опфатиле 800.000 луѓе.

– Меѓутоа, кога долго седиме, размената на ензимите во нашите мускули може да доведе до опасно ниво на шеќерот во крвта. Ефектите се случуваат брзо, а вежбањето не може целосно да ве заштити.

Др. Вилмот и нејзиниот тим откриле дека лица кои долго седат имаат два пати поголеми шанси да добијат дијабетис или болести на срцето, од тие кои седат покусо време.

Тимот исто така забележал дека таквиот начин на живот води зголемен ризик од болести на бубрезите посебно кај жените.

Тим Алардист, остеопат и физиотерапевт од Велика Британија објаснува дека на телото му е потребно постојано движење.

– Нашиот рбетен столб е дизајниран за движење. Колената, колковите, зглобовите, стапалата исто така е подвижни зглобови. Ако седите по четири часа на столица, пет дена во неделата, а рбетот не се движи, колената и колковите се свиткани, а вашето тело станува вкочането. Мускулите слабеат и телото почнува да се буни – вели тој.

Жените кои носат високи потпетици и тесни здолништа на работа, се во посебна опасност. Таквите чевли прават карлицата да се навалува нанапред додека стоиме и одиме, што ги ослабува грбните мускули, додека тесните здолништа ги ограничуваат движењата на зглобовите.

Како да се заштитите од овие опасности?
Едноставен начин е никогаш да не седите подолго од 30 минути без пауза. И позата во која седите е исто така важна.

Држете го грбот исправено, а рамената опуштете ги и зафрлете ги наназад. Задникот треба да се наоѓа точно до наслонот на столот и избегнувајте да ги прекрстувате нозете.

Ако веќе имате болки во грбот, рамената и колената, важно е да сте што повеќе активни, за да ја вратите раздвиженоста на зглобовите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...

Свет1 час

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...

Свет2 часа

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет2 часа

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет3 часа

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија3 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет3 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет3 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...

Свет4 часа

Шефот на Мосад: Опериравме во срцето на Техеран, но мисијата продолжува

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот...