Контакт

Daily news

Иванов: Да се студира на Факултетот за безбедност е вистински избор

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов денеска прими делегација од Факултетот за безбедност – Скопје во чиј состав беа деканот Никола Дујовски, продеканот за наука и развој Марјан Ѓуровски и професорот Владимир Ортаковски.

Иванов нагласи дека Факултетот за безбедност како високообразовна институција со своите активности придонесе за мирен и стабилен развој на Република Македонија, во нејзините демократски процеси, воедно постигнувајќи значајни резултати во работата, особено во едукацијата и образованието на кадар за потребите на безбедноста и одбраната на Република Македонија и научното истражување.

На средбата беше истакнато дека изминатите четири децении многу генерации од Факултетот за безбедност – Скопје дадоа значаен придонес преку посветеното работење, пожртвуваност и истакнување за време на мир и кризни состојби.

„Да се студира на Факултетот за безбедност – Скопје претставува вистински избор за наобразба и придонес кон подигнување на високите стандарди на кадарот во безбедносните институции и недржавни актери во земјата“, подвлече претседателот Иванов, кој го потенцираше позитивното искуство од дипломираните студенти на овој Факултет.

На средбата се иницираа заеднички научно-истражувачки проекти од областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната со кои ќе се даде придонес за надлежните институции како што е Кабинетот на претседателот на Република Македонија и за неговото работење како врховен командант на вооружените сили на државата.

Факултетот за безбедност – Скопје одбележува 40 години од неговото формирање и има постигнато високи резултати во доменот на високото образование за потребите на безбедносниот систем на Република Македонија и другите актери, како и општествени, безбедносно-одбранбени и научно-истражувачки работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 минути

Арбелоа: Ние сме Реал Мадрид, веруваме во победа во Минхен

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не гледа причина за паника пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против...

Свет4 минути

(Видео) Голем пожар во гаража на BYD во Кина, објавена е снимка

Кинескиот производител на електрични возила BYD потврди дека избувнал пожар во паркинг гаража во индустриски парк во Шенжен вчера наутро....

Спорт10 минути

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут

Тренерот на Борнмут, Андони Ираола, го информирал управниот одбор дека ќе го напушти клубот од југот на Англија на крајот...

Македонија15 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа,...

Свет18 минути

Израелско здружение го пријави Санчез на меѓународен суд: „Тој помага во воените злосторства“

Израелската група за правно застапување побара од Меѓународниот кривичен суд да го гони шпанскиот премиер Педро Санчез за наводно „помагање...

Свет19 минути

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија. Како...

Спорт24 минути

(Видео) Рафиња тврди дека Барса е ограбена: Вака реагираше голманот на Атлетико

Ѕвездата на Барселона, Рафиња (29), беше разочаран по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Фрустрацијата на...

Економија31 минута

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто...

Спорт45 минути

(Видео) Портланд се пласира во плејофот, Шарлот ќе игра во плејин финалето

Кошаркарите на Портланд се пласираа во плејофот на НБА лигата, откако ги победија Феникс Санс со 114:110 во директна борба...