Контакт

Daily news

ИВЗ го изгуби хотелот „Теќе“, рестораните и зградите на „Тетекс“ во Тетово

Објавено пред

Исламската верска заедница и Бектешката заедница од Тетово повторно ќе треба пред првостепен суд да докажуваат дека имаат право на владение на комплексот објекти во Тетово кои се во сопственост на волнарскиот комбинат „Тодор Циповски – Мерџан“, познат како „Тетекс“. Врховниот суд донесе одлука со која ги укинува пресудите на Апелациониот суд во Гостивар и на Основниот суд во Тетово. Станува збор за недвижности што се во комплексот на „Арабати баба-теќе“ во Тетово. Објектите што биле изградени им биле дадени на користење од „Тетекс“ на ИВЗ и на Бектешката заедница. Според адвокатите што го застапуваат „Тетекс“, ИВЗ по настаните од 2001 година, овие објекти ги владее без правна основа и одбива да ги врати. Адвокатите на „Тетекс“, на кои им се јави „Макфакс“, велат дека спорот трае 17 години и ова е прва одлука на Врховниот суд по пресудите на првостепените и апелациските судови.

Врховниот суд донесе пресуда со која го уважи барањето за ревизија за спорот за право на владение на спорните објекти, меѓу кои се хотелот „Теќе“, земјиште, стан, паркинг во вкупна проценета вредност од 60 милиони денари, или приближно 1 милион евра. Судиите од Врховниот суд потврдиле дека пониските судови сториле суштествена повреда на Законот за парничната постапка. Врховниот суд образложил дека побиваните пресуди се нејасни и неразбирливи и не содржат доволно образложени причини за фактите од кои се раководеле судовите при одлучувањето. Пониските судови, според образложението на судиите, го одбиле како неосновано тужбеното барање на „Тетекс“ со кое барал да се задолжат ИВЗ и Бектешката заедница да му ги предадат во владение недвижностите. Спорните објекти што му биле дадени на трајно користење на тужителот сега се во владение на тужените.

ИВЗ и Бектешката заедница, според одлуката, во тужбата не приложиле докази со кои ќе докажат дека се стекнале со сопственоста на објектите, па заклучиле дека овие објекти нема да му ги вратат на „Тетекс“. Од изведените докази и од вештачењето врховните судии одлучиле дека недвижностите се запишани во имотен лист со незапишани права. Заклучоците и причините од пониските судови за одбивање на тужбата се спротивни со изведените докази, а во оспоруваните пресуди нема образложени причини за фактите од кои се раководеле судовите при одлучувањето. При повторното судење првостепениот суд ќе треба да ги има предвид овие укажувања на Врховниот суд.

В. Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт31 минута

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт43 минути

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет45 минути

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...

Забава55 минути

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би...

Свет1 час

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...

Македонија1 час

Мамографот во Штип во дефект: Пациентките ќе се снимаат во Кочани, резултатите ќе ги чита штипскиот тим

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација...

Економија1 час

Авиосообраќајот расте: македонските аеродроми со 30 проценти повеќе патници

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Меѓународен аеродром Скопје останува лидер во регионот, со раст од 32...

Економија1 час

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше...