Daily news
Избори во Кенија, претседателот Кенијат повика на смиреност
Народот во Кенија излезе да гласа на општите избори на кои главната битка за претседател се води меѓу шефот на државата, Ухуруа Кенијат, и лидерот на опозицијата, Раила Одинга, пресува Би-би-си.
Изборите се одвиваат под силни мерки на безбедност, а освен претседател, се избираат и гувернери, пратеници, сенатори, началници на окрузи и жени претставници на локално ниво.
Пред гласачките места е голем метеж, а многу граѓани дури и кампувале пред нив. Изборите ги обезбедуваат над 150.000 припадници на безбедносните сили.
Претседателот Ухуру Кениатa апелира на смиреност за време на неговиот телевизиски говор. Тој ги повика 19-те милиони регистрирани гласачи да излезат во голем број, но во мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
