Daily news
Извршителка продавала имот кој бил под закуп
Извршителка од Штип на своите клиенти им продавала недвижен имот што бил под закуп, игнорирајќи го договорот за закуп заверен кај нотар на еден од имотите.
Од МВР информираат дека СВР Куманово за извршителката поднело кривична пријава заради сомневање за сторено кривично дело – злоупотреба на овластувањата.
Пријавената во повеќе наврати ја злоупотребила својата службена должност. Имотот што го продавала бил со вредност од 6.525.533 денари, иако цената на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
