Контакт

Daily news

Изложба на цртежи „Омаж за тебе“ на Валентина Илијевска

Објавено пред

В четврток, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори изложба на цртежи со наслов „Омаж за тебе“ од авторката Валентина Илијевска.

Валентина Илијевска е родена во Скопје 1987. Завршила средно образование во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје – Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски. Магистрира на постдипломски студии на Одделот конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класа на проф. м-р Благоја Кузмановски.

Учествува на многубројни самостојни, меѓународни групни изложби и ликовни колонии во периодот 2009-2017.

Ако се обидете да направите една синтеза на мистичното – сведено на таинствените математички броеви и духовните импликации предизвикани од нивниот сооднос, интуитивното – изразено како слободно креирани површини обликувани од мрежа на густи праволиниски структури и филозофското – персонифицирано во шаховска табла – живот во којшто на секој ваш повлечен потез добивате контра потез, односно вашиот живот станува резултанта на исходот акција – реакција , добивате појдовна основа за анализа на најновата творечка креација на авторката Валентина Илијевска насловена како „Омаж за тебе“.

Се работи за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција. Авторката еманирајќи мистична атмосфера со поставување на езотерична просторно-објектна загатка за гледачот, ќе се обиде да воспостави интеракција реферирајќи се на влијанието на енергијата и фреквенциите рефлектирани од нејзините дела кон непосредното опкружување. Објектите се поставени на постаменти во простор при што носечкиот елемент е стилизирана фортификација изработена од картон поставена на шаховска табла. „Фортификацијата“ е во вид на квадрат отворена од горе со сина коцка ставена во центарот, лесна за визуелна детекција иако со мали димензии, благодарение на шаховската табла, којашто е комбинирана со парчиња од стакло-огледало. На сите четири страни се поставени цртежи работени со туш и молив, на прв поглед правејќи илузија дека се работи за мали графички листови.Иако мали по димензии, цртежите се доста инспиративни и во себе носат универзални пораки отсликувајќи една мисловна епизода материјализирана во апстрактно сложена линиска структура исцртана мошне прецизно и на моменти делува како псеудо-фрактална структура којашто го гради просторот по некои свои правила креирајќи делумно геометризирани форми и апстрактно-асоцијативни објекти коишто инстантно се исцртуваат во перцепцијата на гледачот.

И ако седумте пункта ги разбереме како време во денови коешто му беше потребно на креаторот да го создаде светот, фортификациите како луѓе оградени со ѕидови на коишто се закачени строго контролирани слики за надворешна перцепција, шаховската табла како живот којшто е партија со неизвесен крај, а сината коцка е порталот преку кој сме врзани перманентно за „креаторот“ на целиот универзум тогаш сфаќаме дека се наоѓаме во простор којшто ја отсликува целата драматиката и убавина на животот. Читањето на оваа поставка дозволува слободна интерпретација затоа и насловот „Омаж за тебе“ нè води кон себенаоѓање и лично толкување на изложбата, можеби различно и од самата идеја на авторката. Но, она што дефинитивно е константа е сосема сигурното и самоуверено одење на Валентина Илијевска по патот потцртан уште од студенските денови, пат исполнет со љубопитност, храброст, посветеност и континуитет. Резултатите од нејзините акции се евидентни и, за среќа, достапни и на пошироката публика. Очекуваме и понатаму Човекот, нејзината вечна инспирација и заштитник, и понатаму да ја полни со креативна енергија а ние да ја восприемаме како и досега – инвентивен уметник со интердисциплинарни предиспозиции чиишто дела нè насочуваат кон подлабоко размислување за уметноста воопшто.

Изложбата ќе биде поставена до 28 септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Нова лидерска средба на барање на Мицкоски

Премиерот Зоран Заев за денеска напладне најави нова лидерска средба во помал состав. Тоа е на барање на лидерот на...

Македонија43 минути

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион1 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет2 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени за време на опасна меѓународна операција на вчерашната...

Европа2 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија13 часа

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски ја напушти лидерската средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по еден час, ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за...

Македонија22 часа

Oбвинителството ќе ги гони градоначалникот на Ново Село и уште 4 лица за криумчарење цигари

Основното јавно обвинителство од Струмица до судот достави обвинение против пет лица за сторено кривично дело „криумчарење“. До судот во...

Македонија22 часа

(Видео) Дипломати и амбасадори на приемот на Али Ахмети за поканата од НАТО

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, беше домаќин на прием по повод поканата за влез на Македонија во НАТО. На приемот...

Македонија22 часа

Судот од почеток ќе одлучува дали Владата треба да плати фактури од 25 илјади евра за сервисирање на климите

Основниот суд Скопје 2 повторно ќе треба да одлучува дали Владата треба да ѝ ги плати фактурите за сервисирање на...

Свет1 ден

„Мислев да го кажам спротивното“ – Трамп се предомисли за руското влијание врз изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се изразил погрешно кога рече дека не гледа причина поради којашто Русија би...

Економија1 ден

„Пуцко петрол“ и „Бауер БГ“ ги добиле највредните договори за јавни набавки со општините

Нафтениот дистрибутер „Пуцко петрол“ и градежните компании „Бауер БГ“ од Скопје и „НБ-компани“ од Тетово се на врвот на листата...

Македонија1 ден

Лидерска средба за деталите за референдумот

Прeмиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за 18 часот попладне закажа лидерска средба во Клубот на пратениците. Според најавите,...

Свет1 ден

Спасените момчиња од пештерата денеска излегуваат од болница

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера денеска ќе бидат пуштени од болница и...

Македонија2 дена

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија2 дена

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија2 дена

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија2 дена

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Досие