Контакт

Daily news

Изложби и концерти во македонското Сен Тропе

Објавено пред

Со изложбата на слики од охриѓанката Наташа Попоска – Карче насловена „Допри ме како што ме допира сонцето“ во техниката масло на платно – пејзажи, инспирирани од Охрид и езерото, како и концертот на познатиот саксофонист, Горан Папаз, синоќа во Трпејца започна шестото издание на културно – забавната манифестација „На зајдисонце“.

На програмата, вечерва е концерт на ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид под ведро небо – насловен „Со кајче по езерото“. Младите виртуози ќе свират во кајчињата осветлени од факели и фенери, а од брегот на езерото и од кафеаните гостите ќе уживаат во неповторливата глетка и изведба.

Претставник на НП „Галичица“ од Охрид  ќе  одржи презентацијата под наслов: „Галичица на дофат“ преку која ќе биде доближено севкупното богатство на Националниот парк. Следните денови  активисти на НВО „Опција“ од Охрид ќе одржат трибина на тема: „Зависности од модерното време“.

Во Трпејца  концерт ќе одржи и КУД „Ѓердан“ од Охрид, а културно-забавната манифестација ќе биде збогатена со проекцијата на два извонредни документарци: Танцот со пастрмките – НЦ „Амфора“ снимен по сценарио и режија на  Милутин Секулоски – Охрид и Чиста вода, дело на  Мунлајт Продукција и Делегеација на ЕУ во Македонија . По сценарио на Јана Коцевска и во режија на  Димитар Сеизов.

Во еден од деветте термини во Трпејца ќе гостува актерката Марија Новак, која е дел од ансамблот на МНТ во Скопје.  На летната сцена кај Бунарот ќе се претстават Градски хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид и Петар Кочоски –  хармоника. Диригент и уметнички раководител на хорот е проф. Бурим Хидри. Хармоникашот Кочоски лани ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар по хармоника во Русија. Традиционално  – по шести пат ќе настапи ансамблот „Билјана“.

Забавниот дел манифестацијата „На зајдисонце – 2017“ ги донесува стандардните содржини: Учиме англиски, фаќање риба на јадица, учиме да пливаме, учиме шах, цртаме на зајдисонце, заедничкиот излет на гостите и домаќините по патеката Чоколско и  кајакарската регата „Номче Митрески“.

Сите настани се бесплатни, а според организаторите тие се поддржани од бројни фирми и кафеаните во Трпејца.

Организаторот здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ најави дека до 28-ми јули, во рамки на шестото издание на манифестацијата, ќе понудат богата програма со која ќе го привлечат вниманието на туристите  и мештаните.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Македонија3 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ4 часа

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија5 часа

Нов состанок на македонските и бугарските историчари, на дневен ред царот Самоил

Заедничката македонско-бугарска историска комисија одржува онлајн сесија денес и утре, јавуваат бугарските медиуми. Ова е втор состанок оваа година и...

Македонија6 часа

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ7 часа

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Македонија7 часа

Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...

Европа8 часа

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера...

Топ8 часа

Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа...

Свет8 часа

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од...

Свет9 часа

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Случаи на Ковид-19 „експлодирале“ во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...

Македонија1 ден

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија1 ден

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија1 ден

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија1 ден

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија1 ден

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ1 ден

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија1 ден

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија1 ден

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Досие