Контакт

Daily news

Иран: Пукотници во парламентот и напад врз мавзолејот на ајатолахот Хомеини

Објавено пред

Вооружена престрелка, во која се повредени неколку лица, се случила во парламентот на Иран, пренесе РТ.

Истиот извор наведе дека најмалку три лица се повредени во инцидентот, додека Спутник, повикувајќи се на новинската агенција Тасним, објави дека во престрелката, во која учествувале тројца напаѓачи, биле повредени најмалку две лица.

„Тројца напаѓачи во парламентот на Иран, засега се повредени две лица. Престрелката трае“, објави новинската агенција Тасним на својот налог на Твитер.

Агенцијата, исто така, објави дека во тек е заложничка криза и дека еден од напаѓачите е уапсен, но овие информации официјално не се потврдени.

Од друга страна, агенцијата ФАРС пишува дека еден од напаѓачите почнал да пука кон обезбедувањето. Агенцијата тврди дека се повредени двајца цивили и еден чувар на Исламската револуционерна гарда, додека еден азилант бил уапсен во ходникот на парламентот додека се обидувал да побегне.

Набргу по инцидентот во парламентот се случил уште еден во мавзолејот на имамот Хомеини, а според агенцијата Тасним, во овој инцидент има и жртви. Засега е непознато дали двата инцидента се поврзани.

Иранската државна телевизија на својата интернет страница објави дека четворица терористи, вклучувајќи и бомбаш самоубиец, го нападнале мавзолејот на некогашниот лидер, ајатолахот Хомеини. Според овој извор, чуварите застрелале еден од напаѓачите, а за време на нападот била уапсена и една жена. Потоа еден од напаѓачите се разнел активирајќи експлозивна направа. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Црна хроника3 минути

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија16 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника1 час

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава1 час

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника2 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт2 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет3 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...

Црна хроника3 часа

Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга

Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што...