Daily news
Италијанци и кичевка краделе банкомати
Кичевнка и двајца Италијанци краделе од банкомати при што се стекнале со противправна имотна корист од 1.852.393 денари.
Кичевката А.А била приведена за оштетување и неовластено користење и навлегување во компјутерски систем. Во период од април до август минатата година преку неовластено користење на платежна картичка на З.А, со кого живее во заедница, одзела околу 1.500 евра.
За истото дело кривична пријава добија и Л.М. (46) и М.Б. (45), двајцата државјани на Република Италија. Тие преку адвокат–полномошник, отвориле две фирми во село Лабуништа, а на име на фирмите отвориле банкарски сметки во локална банка и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали на име на фирмите.
крај/мф/ем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
