Контакт

Daily news

Иџет Мемети: Подобрена комуникацијата на институциите

Објавено пред

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска оствaри средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која се разговарало за состојбите со промоцијата и заштитата на човековите слободи и права, за предизвиците со кои се соочува институцијата, а посебно за подготвеноста за следење на локалните избори, се вели во соопштението од канцеларијата на правобранителот.

Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата на институциите кои се мониторираат од страна на Народен правобранител, но и дека покрај направените законски измени поради недостаток на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, оневозможена е нивната практична примена.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, во пресрет на локалните избори, Народниот правобранител со жалење ги информираше претставниците на ОБСЕ дека поради недостаток на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на бесплатната телефонска линија, но истовремено потенцираше дека во согласност можностите на граѓаните ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право, се додава в соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт5 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт5 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт6 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт6 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет8 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...

Свет8 часа

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...

Свет9 часа

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...