Daily news
И Општина Карпош ќе субвенционира купување велосипед
Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, имаше работна средба со претставници од неформалната група „На точак“, на која напомена дека Општината в година почнува со субвенционирање при купувањето велосипеди со цел масовно користење на ова превозно средство од страна на граѓаните.
– Мора да почнеме да ги менуваме навиките. Со користење на велосипедот ќе влијаеме и врз намалување на загадувањето знаејќи дека автомобилите се едни од најголемите загадувачи во Скопје – рече Богоев.
На средбата се разговараше и за постојната велосипедска инфраструктура, при што беше истакната потребата за подобрување и изградба на нови велопатеки, кои ќе придонесат за поврзување на Карпош со другите населби во главниот град.
Карпош со оваа одлука го следи примерот на Град Скопје и на Општина Центар, кои ито така даваат субвенции за купување велосипед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
