Контакт

Daily news

И по три трагедии Србија не ги повлекува дипломатите од Либија

Објавено пред

За статусот на амбасадата во Либија ќе разговара државниот врв, но сепак, иако сите дипломати се повлечени од таа територија, српското дипломатско преставништво нема да се затвори.

Српскиот амбасадор во Либија Оливер Потежица почина пред два дена од повредите што ги здоби во сообраќајна несреќа.

Според “Блиц”, несреќата се случила поради обид за киднапирање на амбасадорот, кој се движел од правец на Тунис кон Либија, околу два часа по полноќ. Обидот за киднапирање и потоа несреќата што следеше на тоа се случиле на истиот начин и со користење на истиот модел како што беше случај пред две години, кога беа киднапирани двајца службеници во амбасадата, Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ.

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави за “Блиц” дека се уште не се знае кој ќе биде новиот српски амбасадор во Либија и таа одлука ќе биде донесена во иднина.

„Српската амбасада во Либија треба да остане за нашите граѓани кои живеат таму. Во Либија има повеќе од 500 наши граѓани и нема да ја напуштиме земјата. Имаме намалување на бројот на вработените таму. Ние ќе разгледаме можно преместување на амбасадата, а можеби и затворање“, тврди министерот.

Дачиќ додаде дека Србија нема да испрати нов амбасадор во Либија, туку само заменик-амбасадор и уште еден член на персоналот. Сите западни дипломатии го повлекоа својот персонал од 2011 година. Крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет17 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава23 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа29 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт45 минути

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт58 минути

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа1 час

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија1 час

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...

Забава2 часа

(Фото) Ниту Кејт Мидлтон не може да ѝ парира: Амал Клуни го одзема здивот во впечатлив костум

Амал Клуни продолжува да плени со елегантни модни изданија, постојано одржувајќи го највисокиот стандард на стил. Адвокатката за човекови права...