Контакт

Daily news

Кабаре-спектаклот „Зборувај тивко“ ја воодушеви многубројната публика на Охридско лето

Објавено пред

На огромно задоволство на љубителите на добрата музика во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа кабаре-концертот на прекрасните Тијана Ѓуричиќ, Ирина Наумовска и Александар Будимир.

dobivaj vesti na viber

– Пресреќна сум и превозбудена вечерва не само затоа што сум првпат овде туку затоа што првпат настапувам на еден фестивал за кој читам само најубави критики, а исто така имам слушано многу од мојот професор Никола Китановски и, секако, од Ирина Наумовска. Целиот концепт за фестивалот ми беше како една мистична идеја, па многу сум среќна поради многубројната публика и за мене сето тоа е потполно ново и возбудливо затоа што се случуваше во простор како што е црквата „Св. Софија“. Секоја година ја следам вашата програма, за жал, физички не сум присутна, но сепак секогаш е импресивно да се види какви и кои музичари настапуваат. Оваа година музичкиот избор на селекторот посебно ми се допаѓа затоа што програмата е многу богата и секоја чест на целиот тим што успешно успевате да го изведете сето тоа. Го истраживме Охрид и од друга перспектива, природните убавини и сите тие алтернативни плажи така што веќе и го промовирам на социјалните мрежи тврдејќи дека е балканскиот Тајланд – изјави Тијана Ѓуричиќ, сопран од Србија, по завшувањето на концертот.

Според Александар Будимир, Охрид и фестивалот Охридско лето имаат посебна енергија.

– Јас најпрвин сакам да им се заблагодарам на сите слушатели, на нашата публика, затоа што беа навистина одлични слушачи. Третпат сум во Охрид, но имам чувство како да сум првпат затоа што овде владее една специјална, посебна енергија. Драго ми е што сум повторно во еден од моите омилени градови. Што се однесува до настапот, сè уште сум под адреналин поради феноменалната публика, се надевам дека ќе имаме повторно можност за соработка, голема е честа да се биде учесник на еден ваков голем фестивал, со најголема и најдолга традиција. Ви благодарам многу од срце за преубавото искуство – вели Александар Будимир.

Македонската пијанистка Ирина Наумовска вели дека секоја година ја следи програмата на Охридско лето.

– Секогаш кога се настапува на Охридско лето чувството е специјално. Не сум сигурна дали може да се објасни со зборови, пред сè, оваа црква, има посебна атмосфера, а и фестивалот има толку долга традиција, такви уметници настапувале и можам да кажам дека за нас е чест и привилегија да настапуваме. Концертот беше навистина убав, пред сè, тоа публиката го почувствува. Ние навистина долго се спремавме за концертот и со голем ентузијазам и со многу љубов, а се надевам дека така публиката и го доживеа. Програмата на Охридско лето ја следам секоја година, според мене, ова е еден од најдобрите европски фестивали воопшто, толку квалитетнии и значајни уметници и толку перфектно организирани, едноставно не може да не сме задоволни – вели Наумовска.

Кабарето „Зборувај тивко “ е обликувано да ги претстави сите фази на творештвото на композиторот Курт Вајл, со посебен акцент на делата настанати пред самото заминување од Германија, делата настанати за време на престојот во Париз и непосредно по доаѓањето во Америка. Транспарентно тематски, стилски и хармонски се забележуваат интертекстуалните преклопувања на сè она што Вајл би го нарекол живот во траење од 60 минути. Вајл е еден од најзначајните композитори на музика за сцена на минатиот век.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Државна вечера во чест на Штајнмаер, Пендаровски наздрави за заедничка европска иднина

Дозволете ми со оваа крената чаша да ве повикам да наздравиме во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска...

Свет3 часа

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади за првпат потврди дека стотици работници – мигранти загинале за време на...

Свет3 часа

Заедничка изјава на министрите на НАТО во Букурешт: Решени сме да ја зголемиме помошта за Украина

НАТО ќе ја зголеми помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и за обновување на критичната инфраструктура и...

Македонија5 часа

Штајнмаер во Собранието: Вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и во иднина

Германскиот претседател, Штајнмаер, во обраќањето во парламентот за време на денешната посета во Скопје ја реафирмираше германската поддршка за членството...

Македонија6 часа

(Интервју) Ленин Јовановски: Од Арсовска зависи дали в петок Скопје ќе биде блокирано

„Арсовска е маќеа на цело Скопје“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, во интервју за „Макфакс“. Од градоначалничката на Скопје,...

Македонија10 часа

Почина доктор Јовица Угриновски

По долго и тешко боледување, утрово почина доктор Јовица Угриновски. Веста ја објавија од болницата „Неуромедика“.   View this post...

Македонија10 часа

Дискриминирачки е 10.000 денари повисока плата да имаат вработени во министерства и секретаријати, предупреди Комисијата

Неоправдано е административците вработени во министерства и секретаријати да имаат 10.000 денари повисока плата од другите административци вработени до институциите,...

Свет11 часа

Русија планира гасна унија со две соседни земји

Русија разговара за потенцијална гасна унија со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите...

Македонија11 часа

Претседателката на Судскиот совет поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, поднесе оставка од функцијата. „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на...

Европа11 часа

Столтенберг: Ќе ја браниме секоја педа од нашата територија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт изјави дека воената алијанса е подготвена да ја брани секоја педа...

Свет12 часа

Папата Франциско ги навреди Русите, Захарова бурно реагира

Папата Франциско изјави дека најсурови меѓу руската армија во Украина се Чеченците, Бурјатите и другите „што не се дел од...

Свет12 часа

Унгарија, поради скапата струја, затвора стадиони, библиотеки, театри и базени

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во...

Македонија12 часа

МОН: Испорачан дел од новите печатени учебници за основно образование

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и за петто одделение во основното...

Свет13 часа

Британскиот премиер: Заврши златната доба на односите со Кина

Британскиот премиер Риши Сунак синоќа изјави дека т.н. златна ера на односите со Кина заврши со оценување дека таа земја...

Свет13 часа

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, ќе поставиме новогодишни елки во Киев

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, во оштетениот град и покрај нападите на руската инфраструктура, кои оставија делови...

Европа1 ден

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија1 ден

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа1 ден

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ1 ден

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа1 ден

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....