Daily news
Кина дијалогот и преговорите се „единственото точно решение” за Северна Кореја
Дијалогот и преговорите се „единственото точно решение” во приодот кон решавање на проблемот со нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, изјави во петокот кинескиот министер за надворешни работи, Ван И, пренесува AFP.
Тој го изрази ова мислење пред претстојното заседание на Советот за безбедност на ОН, на кое се очекува да биде договорена координирана позиција на светската заедница по прашањето за Северна Кореја. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
