Daily news
Кина стана првиот купувач на рускиот систем С-400
Руската Федерална служба за воено-техничка соработка, денеска објави дека започна со реализација на договорот за испорака на системот С-400 на Кина. Со ова Кина стана првиот купувач на С-400.
Потпишувањето на договорот беше објавен во пролетта на 2015 година, а според медиумите, вкупната вредност на договорот е околу три милијарди долари.
Почетокот на реализацијата на договорот со Кина за испорака на системот С-400 беше потврдена од страна на генералниот директор на “Рособоронекспорт” Александар Михеј, информира Спутник.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
