Контакт

Daily news

Кокосово масло може да ве направи 10 години помлади

Објавено пред

 

Кокосово масло стана доста популарно во денешно време и има добра причина тоа да е така. Маслото содржи моќни компоненти, кои имаат бројни предности за здравјето и убавината.

Маслото може да го подобри квалитетот на кожата и косата, истовремено лекува различни болести и состојби.

Ова се главните придобивки за здравјето и убавината на кокосовото масло: лекува варикозни вени.

Секој ден масирајте ги со кокосовото масло вашите варикозни вени и со тоа природно ќе ги намалите без да има несакани ефекти.

Многу добар антицелулитен крем е кокосово масло кое е најдобро решение против целулитот. Измешајте го маслото со малку мед и пред спиење смесата ставете ја на погодената област односно секоја вечер и за неколку недели и ќе бидете изненадени од резултатите!

Кокосовото масло ја потхранува кожата и содржи важни хранливи материи кои ја одржуваат хидрирана и ја прават еластична и мека. Тоа ги омекнува кутикулите.
Одличене крем за бричење може да биде кокосово масло. Тоа е совршена замена за кремите за бричење и исто така ја смирува кожата и ја задржува хидрирана. крај/мф/кс

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа31 минута

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет1 час

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија1 час

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија2 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија15 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија16 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија16 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет17 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија21 час

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија23 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија23 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет24 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија1 ден

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Досие