Контакт

Daily news

Концерти на саксофон квартетот „Сигнум“ и на „Гоце Стефкоски септет“ на Охридско лето

Објавено пред

Со концертите на германскиот саксофон квартет „Сигнум“ во црквата „Света Софија“ и на „Гоце Стефкоски септетот“ на сцената Долни Сарај продолжува музичката програма на фестивалот Охридско лето.

Aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, ќе присуствува на концертот на „Сигнум кавартет“, кој се одржува во рамките на Европската вечер на Охридско лето.

Европската вечер на Охридско лето започна да се организира во 2007 година со настапот на Барокниот оркестар на Европската Унија. Оттогаш, Делегацијата на ЕУ дава финансиска помош за учество на европски музичари на овој реномиран фестивал со цел да ја поддржи културната соработка и размена.

„Сигнум“ со сочинуваат четворица саксофонисти, четворица млади уметници за кои критиката вели дека во својата музика носат смеса на мажевност и сензитивност. Свирејќи главно без ноти пред себе, тие спонтано ѝсе наметнуваат на публиката во линија со самата музика што ја изведуваат. Нивната перфекција во изведбите се восприма како нешто очекувано…

Уметниците Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа „Сигнум“ во Келн во 2006 година. Тие се академски музичари дипломци на музичките универзитети во Келн, Виена и Амстердам, со многубројни награди и настапи на повеќе фестивали и престижни сцени во Европа.

На програмата на концертот кој ќе почне од 20.30 часот се дела на Равел, Шостакович, Гершвин, Барбр, Пјацола, Корија, Зарвос.

На сцената Долни Сарај со почеток од 22 часот во рамките на Охридско лето ќе се одржи концерт и на „Гоце Стевкоски септет“.

Гоце Стевковски важи за еден од најквалитетните и најбарани македонски тапанари и перкусионисти. Тој е познат по своите настапи со исклучителните уметници и бендови како Кирил Џајковски, „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Проект Жлуст“, ДНО, Никола Коџабашија, Бодан Арсовски и „Езгија“, „Шаревски квартет“, Зоран Маџиров и др. Неговиот прв албум со наслов „Седум приказни“ носи индивидуален стилски и музички печат, а е реализиран со некои од најквалитетните македонски џез-музичари: Крие Кузманов, Иван Иванов, Трајко Велков, Дамир Имери, Сашко Николовски, Александар Николов и Оскар Салас. Изданието е објавено од „Пасворд продукција“ и содржи седум композиции напишани од Стевковски.

Гоце Стевковски настапува на многубројни интернационални фестивали, меѓу кои „Егзит биар фест“ (Exit beer fest) и „Умбрија џез“ во Белград, „Грин фест“ во Инџија, на фестивали во Загреб, Париз, Италија, Канада и др. Учествува во повеќе работилници и проекти, театарски претстави и музика за филм.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија4 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија4 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија6 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија7 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија7 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија9 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија9 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија10 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија10 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија11 час

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија11 час

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет11 час

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија12 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија13 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија13 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија1 ден

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Досие