Контакт

Daily news

Концертот „Амбасада на мајсторството“ во изведба на руски музичари вечерва во Прилеп

Објавено пред

Вечерва со почеток во 19.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертот „Амбасада на мајсторството“ на кој ќе настапат врвните руски млади музичари Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцeв на саксофон. Концертот се реализира преку Министерството за култура на Р.Македонија, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Санктпетербуршкиот дом на музиката. По овој повод руските музичари денеска остварија и средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

„Многу ми се допаѓа тука, публиката одлично не прими, го посетивме и музичкото училиште во Прилеп каде дел од учениците изведоа неколку музички точки“, истакна Алексеј Мелников, руски музичар.

„Сакам да истакнам дека Македонија многу ми се доапаѓа, сакам да се заблагодарам на организаторите кои се наши домаќини. Посебно сакам да се заблагодарам на Сергеј Лугин за тоа што овозможи да дојдеме тука, како и на „Амбасадата на мајсторството“, рече Владимир Устјанцeв, руски музичар.

Градоначалникот Ристески ги покани сите прилепчани вечерва да присуствуваат на овој прекрасен концерт.

„Ги поканувам сите наши сограѓани да го посетат вечерашниот концерт на уметниците кои доаѓаат од Русија. Ваквите манифестации пред се многу значат за Прилеп, за презентација на различните култури и традиции, а Прилеп отсекогаш важел за еден од културните центри во Македонија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Израелско здружение го пријави Санчез на меѓународен суд: „Тој помага во воените злосторства“

Израелската група за правно застапување побара од Меѓународниот кривичен суд да го гони шпанскиот премиер Педро Санчез за наводно „помагање...

Свет4 минути

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија. Како...

Спорт9 минути

(Видео) Рафиња тврди дека Барса е ограбена: Вака реагираше голманот на Атлетико

Ѕвездата на Барселона, Рафиња (29), беше разочаран по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Фрустрацијата на...

Економија16 минути

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто...

Спорт30 минути

(Видео) Портланд се пласира во плејофот, Шарлот ќе игра во плејин финалето

Кошаркарите на Портланд се пласираа во плејофот на НБА лигата, откако ги победија Феникс Санс со 114:110 во директна борба...

Македонија30 минути

„Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми“, велат од СДСМ

„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ...

Свет41 минута

Европа подготвува воена мисија во Ормускиот теснец без Америка, Израел и Иран

Европските земји подготвуваат план за воена мисија што би обезбедила слободна пловидба низ Ормускиот теснец по завршувањето на војната, но...

Македонија45 минути

Влен: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век

„По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја...

Свет55 минути

ФТ: Иран користеше кинески сателит за таргетирање на американските воени бази

Иран користел кинески шпионски сателит за таргетирање на американските воени бази, објави „Фајненшл тајмс“. Иран користел кинески сателитски податоци за...