Daily news
Концерт на британската виолинистка Ванеса Меј
Британската виолинистка Ванеса Меј, која е позната по своите иновации во изведба на класичната музика, ќе настапи со Македонскта филхаромија на 15 мај во 20 часот на сцената во „Борис Трајковски“.
Ексклузивниот скопки концерт е по настапите на Меј во регионов, каде што публиката со воодушевување го дочека нејзиното гостување.
Таа е вистинско освежување со нејзините иновации на виолина, и виртуоз кога станува збор за овој инструмент. Меј, умешно ги комбинира звуците на класичната, техно , и џез музиката. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
