Контакт

Daily news

Костовски: Случајот „Транспортер“ е типичен пример за политички инспирирана хајка

Објавено пред

СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ по потребите на СДС, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Сите случаи и обвиненија кои тие ги покренаа беа политички мотивирани, без основни докази и крајно неаргументирани. Случајот ‘Транспортер’ е типичен пример за политички инспирирана хајка и креирање случај и таму каде што го нема, со единствена цел давање материјал за негативна кампања и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните, со цел политичка корист за СДС“, рече тој.

СЈО во обвинението „Транспортер“, вели тој, се служи со целосни конструкции и свесно создадени лаги.

„Тезата на СЈО дека градоначалникот на Битола заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници постапувале незаконски при тендерите за превоз на ученици е невистинита. Исто како што е неточно дека општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО изнесе лажни сензационалистички наводи дека јавниот превоз во градот Битола е поскап од тој во Токио, што е груба манипулација со фактите со цел свесно лажење на граѓаните“, изјави Костовски.

Имено, додаде тој, цената на превозот на ученици во Битола е постигната во законски спроведена постапка.

„Доколку СЈО сакаше да истражува вистински криминал за транспорт на ученици, наместо во Битола можеше да прочепка во Струмица каде превозот на ученици што го плаќа општината е дупло поскап од тој во Битола“, вели Костовски.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за,...

Топ3 часа

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загинало и малолетно девојче

Меѓу загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци што се случи денес, е и едно малолетно девојче. Како што објави...

Македонија3 часа

Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Важно е сите политички партии да го поддржат европскиот пат

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Kaко што соопштија од...

Македонија5 часа

(Видео) Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица, предупредува Трипуновски

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на...

Топ7 часа

Тешка несреќа кај Јосифово: Загина возач кој со автомобил излета од патот

Загина 56-годишен маж, кој со автомобилот излетал од патот кај селото Јосифово. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера...

Европа8 часа

„Признавањето на Косово беше грешка, етноцентричниот шовинизам на Курти не треба да се толерира“, вели германски пратеник

Портпаролот за надворешна политика на Алтернатива за Германија (АфД), пратеник во Бундестагот, Петр Бистрон, рече дека признавањето на Косово било...

Регион9 часа

Хрватска ги зема македонските работници: цели семејства одат на сезонска работа, платите од 750 евра за мијач на садови до 4.000 евра за главен готвач

Македонците се почесто заминуваат на работа во Хрватска. Се поголемата понуда за работа и повисоките плати, ги привлекуваат македонските граѓани...

Македонија9 часа

Шверцерите на убиената мигрантка Фатима добија по една година затвор, уште нема одговор дали полицаецот го испука куршумот

По една година затвор добија шверцерите на мигрантката Фатима, која беше убиена во Гевгелија по тепачката меѓу нив и полицијата,...

Европа10 часа

Џамбаски: Македонските власти започнаа голема лобистичка офанзива во Европа, работат на штета на Бугарија

Европратеникот Ангел Џамбаски ја обвини македонската Влада дека започнала голема лобистичка офанзива во Европа. „Координиран напад организиран од властите во...

Македонија10 часа

Пристигна воен конвој со новите лесни оклопни возила JLTV наменети за македонската Армија

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои...

Регион11 часа

Сестрата на Коста можен клучен сведок во истрагата: имале заедничка соба, заедно биле цел ден пред масакрот

Во претходниот месец беа сослушани пет членови на семејството и лица кои имале или требало да имаат близок контакт со...

Регион11 часа

Расте притисокот врз Косово: вонредна седница на косовското Собрание, се бараат избори

Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ноќта помина мирно, а од утрово, седми ден од кризата во тие три...

Свет11 часа

Русија изврши нови напади врз Украина: прогласена вонредна опасност низ земјата

Русија изврши серија напади во Украина, поради што е прогласена вонредна воздушна опасност низ земјата. За неколку часа по нападот,...

Македонија21 час

Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: На Македонија ѝ е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, jас сум рационален оптимист, верувам во целта...

Европа1 ден

„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и...

Свет1 ден

Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува...

Регион1 ден

Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе...

Регион1 ден

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија1 ден

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...