Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Кривична пријава за разузнавачот кој предизвика инцидент пред Суперкупот

Објавено пред

МВР ќе поднесе кривична пријава против 25-годишниот Благојче Ристовски, вработен во Агенцијата за разузнавање, кој беше приведен вчера пред почетокот на Суперкупот во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција информираше дека кривичната пријава ќе биде поднесена против разузнавачот бидејќи се обидел да спречи службено лице при извршување на неговите работни обврски.

„Особено лицата вработени во службите не смеат да си  дозволат да спречуваат службени лица во вршење на нивната должност. МВР ќе поднесе кривична пријава, а очекувам дека  и неговата институција ќе покрене соодветни мерки, рече Спасовски.

При редовниот преглед на билетите на влезот на Градскиот стадион, Ристовски им пришол на полицајците и започнал да се расправа со нив зошто толку долго траел прегледот и го оттурнал лицето врз кое во тој момент се вршел прегледот, а потоа го турнал и полицаецот што правел проверка. Од полициски извори дознаваме дека кога започнале другите полицајци да интервенират, Ристовски извадил службена легитимација дека е вработен во Агенцијата за разузнавање. Бидејќи Ристовски давал отпор и не можеле да го разубедат да се смири, бил совладан и врзан со лисици. Неофицијално, бил одведен во Полициска станица Кисела Вода, каде што му бил направен алкотест, кој покажал 1,06 промили алкохол во крвта.

 

Најново

Забава37 секунди

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...

Култура10 минути

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија14 минути

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...

Македонија18 минути

Сали во Украина ќе го сподели искуството на Македонија во процесот на европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина...

Македонија24 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ31 минута

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава35 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт36 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава42 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...