Daily news
ЛЕ: Познати потенцијалните противници на Вардар и Шкендија
Европската фудбалска унија (УЕФА) во пресрет на ждрепката за плејофот во Лига Европа направи подгрупи и на тој начин го намали бројот на потенцијалните ривали на македонските претставници Вардар и Шкендија.
УЕФА ги подели 44-те екипи што ќе партиципираат на ждрепката во четири групи, а секоја група има носители и неносители. Македонските тимови се во групата на неносители, Шкендија е во првата, а Вардар во третата група.
Потенцијални ривали на Шкендија се Милан (Италија), Динамо Киев (Украина), Краснодар (Русија), Клуб Бриж (Белгија) и Австрија Виена (Австрија).

Вардар во плејофот може да се сретне со некој од овие тимови: Ајакс (Холандија), Фенербахче (Турција), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Динамо Загреб (Хрватска), Макаби Тел Авив (Израел).

Извлекувањето на двојките за плејофот во Лига Европа ќе почне во 13 часот. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
