Контакт

Daily news

Лондон: Фотографот што пет години сликаше една улица

Објавено пред

Улиците на Лондон, во сиот „сјај на бедата“ ќе останат како траен запис од објективот на фотографот Роџер Мајне. Дел од неговото импресивно фото досие, е поставено на ретроспективна изложба во Лондон која ќе биде отворена во наредните два месеци. Имено, фотографиите што ја носат историјата на Западен Лондон. се изложени токму во галерија во улица на овој дел од градот.
Неговите фотографии немилосрдно ги прикажуваат приказните и животите на работничката класа и носат печат на социјалната поетика.
Но, зошто еден млад фотограф како што е Роџер Мајне поминал пет години постојано фотографирајќи една улица во западен Лондон, и искликал ,дури 1400 фотографии за 27 посети на улицата?
Роден е во во скромен дел на Кембриџ. Мајне бил воодушевен од децата на работничката класа на Southam улица во Ladbroke Grove. Можеби тоа било и претчувство, бидејќи подоцна многу објектио ќе исчезнат од оваа улица, и сосема ќе и биде сменета архитектонската физиономија.
Идејата на оваа изложба е на некој нажин да одговори на овие прашања. Таа исто така ја вклучува и неговата прва слика-инсталација “Британската во слободно време”, од 1964 година што вклучува: пет екрани, 310 фото слајдови и кул џез музиката
„Ова се сцени од еден изгубен град што зрачи со историја. На нив се гледаат сцени од момчињата што играат фудбал на улица – тие живееле како лондончани чии патеки влегле во очите на уметникот, во некој одлучувачки миг. Се отвора прашањето: каде се сега“, пишува во освртот кон изложбата.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија9 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија9 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија15 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа15 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија16 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет16 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ16 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет16 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет17 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет18 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа18 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет18 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија1 ден

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа1 ден

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие