Контакт

Daily news

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски

Објавено пред

 

Потпретседателката на Европскиот парламент од редовите на Зелените, Улрике Луначек остро го критикува однесувањето на Себастијан Курц.

 

Долга е листата на гревови на ЕУ кон Македонија, вели за австриската агенција АПА, пратеникот на Зелените во Европскиот парламент и потпретседателка на парламентот, Улрике Луначек.

 

Меѓудругото, таа ги набројува грчкото вето кон Македонија, но и недостатокот на јасна ЕУ перспектива која можела да ја спречи ескалацијата на националистичката политика на Груевски.

 

Но, Луначек особено ја потенцира, како што вели, „неславната улога на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц“, кој му даде отворена поддршка на Груевски на последните избори.

 

Луначек наведува дека за време на случувањата во македонскиот парламент, Груевски бил во Виена на „пријателска средба“ со генералниот секретар на конзервативната ЕВП, Вернер Амон.

 

„Со тоа, Курц и ЕВП ги дискретираа Австрија и ЕУ, а се дискретираа и себеси и други членови на Европската народна партија како можни надпартиски медијатори за стабилноста на Македонија и на Западниот Балкан“, вели Луначек.

 

Австриската европратеничка бара од шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и од комесарот за проширување Јоханес Хан, „активно да го поддржат формирањето на новата влада“, а на Груевски и на неговата партија јасно да им стават до знаење дека „мора да ја прифатат улогата на опозиција“.

 

„Покрај тоа, ЕУ мора да го зголеми својот ангажман на Западниот Балкан, а процесот на проширување да го позиционира како централен столб на стабилноста во регионот“, вели Улрике Луначек. крај/мф/гд

 

Најново

Спорт22 минути

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт29 минути

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет37 минути

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет1 час

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет1 час

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет2 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија2 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија2 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...

Свет3 часа

Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за...