Daily news
ЛШ: Вардар од Данска „гледа“ кон четвртото коло
Фудбалерите на Вардар вечерва во Копенхаген против истоимениот тим го играат реванш мечот од третото претколо во Лигата на шампионите.
Вардар го делат 90 минути од пласман во плејофот во елитното натпреварување. Доколку го мине Копенхаген Вардар и финансиски ќе профитира, бидејќи настап во плејофот значи дека во клупската каса ќе се слеат околу 6,7 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА.
Македонскиот првак пред една недела во Скопје славеше со 1:0, со голот на Балотели.
Планот на тренерот Гоце Седловски е да се постигне гол, што значи дека Вардар ќе се обиде да го нападне домаќинот.
Дуелот на „Паркен“ стадионот во Копенхаген ќе започне во 20 часот. н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
