Контакт

Daily news

ЛШ: Во плејофот можен е дуел Марибор – Риека

Објавено пред

Познати се сите 20 екипи што ќе играат плејоф за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите. Македонскиот првак Вардар не ја искористи шансата, го загуби двомечот со Копенхаген и в петок ќе го чека својот противник во плејофот на Лига Европа.

Како и минатите години, и оваа екипите што се во плејофот се поделени во две групи, лигашка и шампионска.

Во првата група се наоѓаат тимовите што не се шампиони на своите држави, но доаѓаат од најсилните национални шампионати, а во втората група се шампионите на своите држави.

Во првата група се Севилја, Наполи, Ливерпул, Спортинг Лисабон и ЦСКА Москва. Овие екипи го имаат статусот носители. На наведените тимови противници може да им бидат Стеауа, Јанг Бојс, Ница, Башахшекир и Хофенхајм.

Кога станува збор за втората група, тука има поместувања кога се во прашање носителите бидејќи третото коло не ги минаа Легија Варшава, Лудогорец и Салцбург. Елиминацијата на овие три тима во повластена позиција го донесе Марибор, кој на жрепката ќе има статус носител.

Покрај Марибор, носители ќе бидат уште Олимпијакос, АПОЕЛ, Селтик и Копенхаген, а нивни потенцијални ривали се Карабаг, Астана, Риека, Хапоел Бер Шива и Славија Прага.

Извлекувањето на двојките за четвртото претколо во Лигата на шампионите ќе биде извршено в петок во седиштето на УЕФА во Нион. н.ц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет6 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет6 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет6 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет7 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника7 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија8 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...