Контакт

Daily news

Македонија топ тема за Могерини

Објавено пред

Македонија е ургентна тема на министерскиот состанок на министрите на ЕУ во Малта денес, и иако не се очекува формална одлука бидејќи состанокот е неформален, таа треба да ја зацементира легитимноста на изборот на Талат Џафери како парламентарен спикер.

Иако, според дипломатски извори, имало некои резерви од Унгарија, Бугарија и Грција, тоа што го најави Федерика Могерини во првата реакција по настаните во Парламентот,треба да добие потврда од земјите членки на Унијата за да се отвори пат и за признавање на идната влада, сакале да го прифатат тоа ВМРО-ДПМНЕ или не. И без да биде прашана пред многуте новинари во Малта, Могерини го изнесе ставот за Македонија, порачувајќи дека она „што го видела во Скопје вчера е особено загрижувачко и многу вознемирувачко“.

„Насилството секогаш е неприфатливо, особено ако се случува куќата на демократијата, во Парламентот. Верувам дека сите во Скопје треба да ги следат уставните принципи, демократијата и да се обидат да ја извадат земјата од оваа сериозна криза која може да биде опасна“, изјави таа пред состанокот во Валета.

Дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на нелегитимност на вчерашниот избор на Талат Џафери за спикер на Парламентот се виде од изјавата на министерот Никола Попоски, кој учествува на состанокот како министер на земјите кандидати.Попоски буквално беше нападнат од странските новинари кои го прашуваа за насилството во Парламентот, за блокадата на формирањето влада од страна на претседателот и дали некој ќе одговара за тоа.

„ Најпрво, Употребата на било какво насилството е неприфатлива. Тие што учествуваа треба да бидат изнесени пред правдата“, изјави Поповски .Како второ, треба да се вратиме на почитување на процедурите и на законите бидејќи тоа е единствен начин за стабилизирање и за мир на земјата. И трето, дијалогот е единствен начин да излеземе од оваа политичка криза која носи сериозни ризици“, изјави Попоски пред новинарите.

На забелешката дека некои од министрите на ЕУ барале да ни се затвори вратата во Унијата, Попоски одговори:

„Не мислам дека помалку евроинтеграција туку обратно повеќе е вистински одговор кој ќе донесе повеќе извесност за земјата“. .

Тој исто така оцени дека „институциите се тоие што треба да бидат одговорни за безбедноста, мирот и стабилноста на земјата“ во контекст на тоа кој требаше да ги спречи насилствата кои беа помогнати токму од нив. „Тоа треба да биде прв чекор. Втор треба да биде отворањето дијалог и гледањето во перспектива како да се надмине политичката криза без насилство и со почитување на правилата и процедурите“, дополни Попоски.

Запрашан кога ќе се формира влада и зошто таа се блокира, Попоски одговори дека тоа треба да биде „на линија со правилата и процедурите во Парламентот“, нешто што го повторуваше како универзален одговор на сите незгодни прашања, за да заклучи на крај дека во синоќешните настани во Парламентот тоа не се почитувало.

„Не ни требаат повеќе унилатерални потези туку стабилизирање на состојбата и владеење на правото“, порача тој, но кога му реплицираа новинарите со зборовите „па добро, зошто не дозволувате тоа да се случи“, рече дека имало веќе „легитимна дебата во Парламентот кога требало да дојде во фаза на заклучоци и на неа да се донесат одлуки како да се испочитува волјата на народот“.

Што би значело, според него, оваа маратонска расправа да заврши со признание дека ВМРО-ДПМНЕ победило на изборите. Запрашан повторно дали неговата партија ќе го прифати изборот на Џафери како спикер, повтори дека тој не бил според парламентарните процедури и законската рамка и како таков провоцира неизвесност.

„Не мислам дека ќе избереме било кого ако не ги следиме законските процедури. Инаку, сите ќе носат свои одлуки надвор од институциите“, рече тој практично отворајќи простор за неговата партија во иднина да се повика на ова и самата да си носи свои одлуки, ако и се одземе легитимитетот во власта.

И, по целтото тоа повикување на законитост, Попоски изјави дека изборот на нова влада треба да се случи ако е волја на народот. Но, рече тој, „треба да се знае дека Македонија има специфични политички обичаи и законски правила , а ова што се случи во Парламентот не беше во согласност со тие обичаи и законски процедури“.

„Алтернативата на тоа , рече Попоски, е секој да си пропишува свои правила што ќе доведе до хаос“. Крај/сј

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија6 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....