Daily news
Владата на РМ ги негира информациите на српските медиуми за името
Владата на РМ ги отфрли како целосно невистинити информациите објавени на интернет-порталот „Спутник“ дека на затворената средба во Подгорица премиерот Зоран Заев побарал поддршка од САД за спроведување референдум за промена на името на Македонија.
„На самитот на јадранската група во Подгорица во ниту еден момент не е разговарано за промена на името на Република Македонија“, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Според српското издание на рускиот „Спутник“, Заев побарал поддршка од САД за спроведување на референдумот за промена на името на Македонија. Како можни биле спомнати имињата: Горна Македонија, Северна Македонија и Република Македонија (Скопје).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
