Контакт

Daily news

(Видео) Македонската стартап заедницата на конференција  – PODIM2018 во Сеавус едукативен и развоен центар

Објавено пред

Вчера, 21 февруари, македонската стартап заедница имаше ретка можност да биде дел од локалното издание на реномираната Меѓународна конференција за стартапи, претприемништво и иновации  – PODIM2018,  која традиционално секоја година се одржува во Марибор, Словенија.

Локален домаќин  и коорганизатор на настанот во Скопје  е Сеавус едукативен и развоен центар, кој заедно со организаторот од Словенија, Start:up Balkan,  подготвија 4-часовен настан на кој присуствуваа 80 учесници, претприемачи, иноватори, инвеститори, партнери, компании и поддржувачи на стартап движењето во Македонија.

На настанот свое воведно обраќање имаа Милан Јазбек – aмбасадор на Словенија во Македонија, Весна Иваноска – генерален менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар, Игор Маџов – претставник  од инвестицискиот фонд  SC Ventures, Горазд Јустинек – извршен директор на ЦЕП (Centar for European perspectives)  и Матеј Рус, извршен директор на ПОДИМ.

Со свои искуства и експертиза на теми релевантни за развојот и растењето на новите бизниси се претставија и Елена Драгановска од InPlayer, Марис При од естонскиот  Start up Wise Guys , Kсаба Какосу  – партнер и извршен директор  на Day One Capital и Ивана Станковиќ – инвестициски менаџер во SC Ventures.

Највозбудливиот дел на конференцијата секако беше резервиран за кратки презентации (pitch) на 10 селектирани стартапи кои пред публиката ги претставија своите бизнис-идеи.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо...

Спорт3 часа

(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи...

Свет4 часа

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет4 часа

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет4 часа

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет5 часа

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет5 часа

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт5 часа

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт6 часа

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...