Daily news
„Македонски манифест“ и „СМК“ на Тодор Петров ќе делуваат заеднички за Македонија
Светскиот македонски конгрес и Македонскиот манифест за утре најавија заедничка прес-конференција, на која ќе говорат Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и Ефтим Клетников, претседател на Македонскиот манифест.
Прес-конференцијата ќе биде во врска со објавата на три декларации:
(1) за името и идентитетот,
(2) за суверенитетот, унитарноста и државноста на Македонија и
(3) во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија и најавата за заедничко македонско-бугарско одбележување на Илинден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
