Daily news
Малолетен скопјанец извршил полов напад врз 14-годишно девојче
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Како што соопштија од МВР, на 13.6.2017 година, околу 15 часот, во дворот на оштетената, пријавениот, откако се уверил дека нема никој во дворот, ја повикал и почнал да ја допира по телото, по што се обидел да изврши полови дејства над неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
