Daily news
Малта предлага ново решение за распределба на мигрантите
Земјите од Европската унија би можеле да добијат по 60.000 евра за секој барател на азил кого го примаат преку квотата за распределба на мигрантите или би можеле да се определат да платат иста сума ако не ја исполнат квотата која им е одредена, предлага Малта, во обид да стави крај на спорот поради мигрантите кој што ја подели Европа.
За предлогот на Малта, која до јуни ќе претседава со ЕУ, ќе разговараат претставниците на државите членки на ЕУ во Брисел во среда, пренесува Ројтерс.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
