Daily news
Мареј нема да игра во Монтреал
Енди Мареј, првиот светски рекет, поради повреда на колкот, го откажа учеството на мастерс-турнирот во Монтреал, кој ќе се игра во текот на наредната недела.
Мареј е четвртиот тенисер од првите шест на АТП-листата кој го откажа учеството во Монтреал. Претходно тоа го сторија Новак Ѓоковиќ, Стан Вавринка и Марин Чилиќ.
Поради откажувањето на Мареј, прв носител во Монтреал ќе биде Рафаел Надал, кој, во зависност од резултатот, може да се искачи на првата позиција на АТП-листата. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
