Daily news
Марш за расна правда во Вашингтон
Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Вашингтон барајќи расна правда во САД, неколку дена откако играчите од лигата на американскиот фудбал низ земјата клечеа за време на интонирањето на националната химна во знак на протест против бруталното однесување на полицијата.
„Имаме правосуден систем кој луѓето со црна и смеѓа боја на кожа, вечно ги држи во ропство“ рекол за АФП, 46-годишниот Морис Кук, кој учествувал во организацијата на вчерашниот марш за расна правда.
Учесниците на одделниот марш за црни жени, се придружија на тој протест во паркот Линколн, од каде тргнаа кон Капитол хил.
„Протестираме на Капитол хил, пред американскиот претседател Доналд Трамп. Единствениот начин, за да тој види нешто е да му влетате во лице на него и на другите политичари кои не разбираат дека белците се привилигирани“ вели една демонстрантка.
Демонстрациите се одржуваат на годишнината од масакрот во 1919 година, изведен во Илејн во Арканзас, кој бил најпогубен расен судир во САД.
Најновите протести се случуваат во моменти кога САД поминуваат преку период на засилени расни тензии, кои кулминираа со смрт на либерален демонстрант во август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
