Daily news
Мастерс Мадрид: Халеп и Младеновиќ во финалето
Романката Симона Халеп ќе ја брани титулата на Мастерсот во Мадрид против Кристина Младеновиќ од Франција. Двете тенисерки во полуфиналните мечеви со 2:0 славеа против Анастасија Севастова, односно Светлана Кузњецова.
Симона Халеп лесно ја совлада Севастова во два сета 6:2, 6:3, додека многу повеќе возбудувања понуди второто полуфинале, во кои Младеновиќ славеше со 6:4, 7:6 против ветеранката Кузњецова. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
