Контакт

Daily news

Маја Морачанин: Граѓаните и пратениците заедно за заштита на Охридскиот регион

Објавено пред

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, како координатор на неформалната група “Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион” се обрати на денешниот јавен настан во Собранието на Република Македонија.
“Неформалната група пратеници во состав Томислав Тунтев, Ирена Стефоска, Африм Гаши, Васко Ковачевски и Маја Морачанин, се формираше по иницијатива на Националниот демократски институт и Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 и претставува позитивен пример за успешна соработка помеѓу пратениците од различни политички провениенции, невладиниот сектор и граѓаните. Нѐ обедини заедничката цел да придонесеме за зачувување на Охридскиот регион – нашето единствено светско природно и културно наследство”, рече Морачанин.
Таа истакна дека зачувувањето на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион мора да биде врвен приоритет за сите надлежни институции. Зашто, според наодите на реактивната мисија на УНЕСКО, севкупната состојба на конзервација е ранлива и доколку приоритетните препораки не се имплементираат во тек на следните две години, Охридскиот регион може да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство при УНЕСКО препорачува усвојување на Планот за управување со Охридскиот регион, комплетирање на Стратешката оцена за влијанието врз животната средина, стопирање на ски центарот на Галичица и потсекциите (а) и (е) на патот А3, зачувување на постоечките зони на Националниот парк Галичица, развивање на еко-туризмот, соодветен третман на отпадните води и цврстиот отпад и редица други препораки.
“Вистински чекор во оваа насока претставува токму барањето на преку 7.000 граѓани од 13 градови во Македонија, за имплементација на Законот за управување со Охридскиот регион и стопирање на штетните инфраструктурни планови во заштитеното подрачје. Граѓаните јасно порачаа: Да го зачуваме нашето единствено светско природно и културно наследство, зашто Едно е и Вредно е!”, заврши Морачанин.

dobivaj vesti na viber

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Кузеска: Скандал – сопруга на градоначалник од ДПМНЕ избрана за член на Судскиот совет

Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозен е изборот на Данка...

Македонија4 часа

За ДУИ, однесувањето на претседателот на Уставниот суд е неприфатливо и скандалозно, бараат итна оставка

„ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. Одлуката...

Македонија5 часа

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиона евра годишно, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и на министерствата. Истражувањето...

Македонија6 часа

Земјотресите во Косово почувствувани и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Култура6 часа

Отворено писмо на ИФФК „Браќа Манаки“: Агенцијата за филм веќе цели пет месеци одбива да изврши исплата на Фестивалот

Тимот на ИФФК „Браќа Манаки“ упати отворено писмо до Агенција за филм на РСМ, Министерство за култура и туризам, Влада...

Македонија9 часа

За да не биде ничиј товар, се повлекува од политиката; Груби: Пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза

Откако беше ставен на црната листа на САД, Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ, одлучи да се повлече од политиката...

Македонија24 часа

Притвор за Васко Стефанов и уште седум лица, за Ковачевски кој не е во земјава судот определи мерки на претпазливост

Кривичниот суд донесе решенија со кои на осум лица им е определен притвор, во врска со полициската акција „Адитив“. Меѓу...

Македонија1 ден

Ахмети не се откажува од Груби, вели дека ако се докаже вина, Артан самиот ќе се повлече од партијата бидејќи е совесен

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, не планира да го отстрани од партијата свјот најблизиок соработник Артан...

Македонија1 ден

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Првин ќе се слушне мислењето на експертите, а потоа ќе се одлучува за Законот за употреба на јазиците. Уставниот суд...

Македонија1 ден

Oбвинителството оформи предмет за Груби и за судијата Беџети, кои се на црната листа на САД

Обвинителството оформи предмет со кој се опфатени поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети, кои се ставени на...

Македонија1 ден

Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство, рече министерот Тошковски

Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,...

Македонија1 ден

Моноетничките седници секогаш биле најава за лоши периоди во мултиетничка држава, стражата на јазикот продолжува, порача Османи пред Уставниот суд

Осуда на продолжувањето на седницата на Уставниот суд изрази потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. „Апсолутно е недозволено во мултиетничка држава...

Македонија1 ден

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај...

Македонија1 ден

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од...

Топ1 ден

(Видео) Пронајдени над четири килограми дрога при претрес во Драчево

Синоќа во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР...

Македонија1 ден

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонскиот судско-обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Она што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на...

Македонија1 ден

Уставниот суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува единствено во согласност со Уставот, бара СДСМ

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и...

Македонија1 ден

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека...

Свет1 ден

(Видео) Израелските сили извршија речиси 480 напади во изминатите два дена врз Сирија

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ...