Контакт

Daily news

МВР доби 45 „шкоди“ како донација од Чешка

Објавено пред

Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан, денеска на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, му ја предаде донацијата од 45 возила од марката „шкода“ во вредност од околу милион евра.

Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Томан и на Владата на Република Чешка за помошта што македонската полиција ја доби од оваа земја по избувнувањето на мигрантската криза.

„Република Чешка, особено во време на мигрантската криза, даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиони евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја со цел да може да ја зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните“, рече министерот Спасовски.

Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство ѝ помага на македонската полиција и дека тоа ќе го прави и во иднина.

„Со министерот Спасовски разговараме како понатаму Република Чешка да му помогне на МВР. Република Чешка не помага само финансиски туку на јужната граница веќе е 14. контингент на чешки полицајци, кои помагаат јужната граница да биде што побезбедна. Соработката меѓу македонските и чешките полицајци е одлична и во следната 2018 година ќе продолжиме со истиот број на полициски службеници“, рече амбасадорот Томан.

Од 2016 година до сега во обезбедувањето на јужната граница учествуваа 534 чешки полициски службеници, а реализацијата на проектот е предвидена и за наредната 2018 година.

Најново

Црна хроника3 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија6 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија10 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија21 минута

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт23 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет43 минути

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет49 минути

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија1 час

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...