Daily news
Мекејн: Русите се подеднакво виновни како и Асад
Русите се подеднакво лоши како и Асад, изјави во саботата американскиот сенатаот Џон Мекејн, пренесуваат светските агенции.
„Им помагаат со буре-бомби. Руски борбени авиони со оружје со висока прецизност се оние кои цело време ги гаѓаа болниците во Алепо. Тие пратија беспилотни летала, ги идентификуваа болниците и ги гаѓаа“, одговори американскиот сенатор на прашањето дали мисли дека Русија знаела за хемискиот напад.
Меѓутоа, освен емотивна реторика, Мекејн не презентираше други аргументи во корист на вината на Русија, а не ни објасни зошто Русија би бомбардира болници, коментира Спутник.
САД во петокот испали над 10 ракети на сириската воздухопловна база за која тврдат дека го започнала хемискиот напад во кој настрадаа голем број на лица, меѓу кои и деца./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
