Daily news
Мекејн: Јас би го избркал турскиот амбасадор
Американскиот сенатор Џон Мекејн денеска побара протерување на турскиот амбасадор во Вашингтон, по насилството кое изби меѓу демонстрантите и турските безбедносни сили за време на неодамнешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Би требало да го протераме нивниот амбасадор од САД.Таквата работа не може да остане без дипломатски одговор“, изјави Мекејн.
Според него, САД би можеле во овој случај да преземат и правни мерки. Американските претставници остро ја критикуваа турската влада по појавувањето на видеоснимка на која припадниците на обезбедувањето на турскиот претседател се туркаат покрај полицијата и насилно го прекинуваат протестот што се случувал пред амбасадата на Турција во Вашингтон. Во турканиците, како што се наведува, повредени се девет лица. Судирот се случил во резиденцијата на турскиот амбасадор, кога Ердоган стигнал по состанокот со американскиот претседател Донал Трамп во Белата куќа.В.Д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
