Daily news
Мемеди од Алијанса до ВМРО-ДПМНЕ: Играте опасна психолошка игра со граѓаните
„Речиси сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидувате да ги убедите граѓаните дека ова е опасна игра и дека се вртат опасни тези. Вие добро сте сфатиле како функционира психологијата на луѓето. Им праќате стимул со кој се нарушува нивната перцепција„, рече Весел Мемеди од Алијанса за Албанците обраќајќи се до пратените од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе ви посочам еден пример за она што вие го правите. Си разговарале две верски лица и едното му рекло на другото зошто не ги повикате сите духови кога веќе ја знаете молитвата. Вториот верник му рекол, јас ја знам молитвата како да ги повикам, но не ја знам другата, како да ги избркам од дома.Така и вие, ако знаете како да ги убедите луѓето, ќе треба да знаете како да ги смирите. Но, тоа не е лесно. Тоа е опасно, може да ни се случи ефектот на пеперутката“, рече Мемеди.крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
