Контакт

Daily news

„Метла“ на ГС, пресврт на Торонто, Атланта израмни против Вашингтон (Видео)

Објавено пред

Тимот кој го оствари најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната, во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, со максимални 4-0 ја реши четвртфиналната серија на Западот против Портланд. На Истокот, Торонто, го доби петтиот меч и води во серијата против Милвоки со 3-2, додека Атланта по двете средби на домашен терен израмни во серијата против Вашингтон на 2-2.

Голден Стејт, вицепрвакот во НБА лигата, победи и во вториот меч во Орегон и со максимални 4-0 ја завршија серијата со Портланд. Вориорс во четвртиот меч победија со 128:103.

Вориорс одиграа неверојатна прва четвртина во која постигнаа 45 поени (45:22). Најдобар во редовите на ГС беше Стеф Кари со 37 поени (7/11 за три), осоум асистенции и седум скокови. Кај Портланд се истакна Демијен Лилард со 34 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=B7K8JjjaagU

Голден Стејт во полуфиналето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Јута и ЛА Клиперс, каде резултатот во победи е 2-2.

Атланта славеше во четвртиот меч против Вашингтон 111:101 за 2-2, пред серијата да се пресели во главниот град на САД.

Атланта со своето најсилно оружје, тимската игра, успеа да забележи победе. Седуммина играчи на тимот од Џорџија постигнаа двоцифрен број на поени. Пол Милсап оствари 19 поени, девет скокови и седум асистенции, а Двајт Хауард заврши со 16 поени и 15 скокови.

Вашингтон вообичаено го предводеа бековите: Бредли бил постигна 32, а Џон Вол 22 поени.

Торонто, кој во серијата со Милвоки ја има предноста на домашниот терен, стигна до првото водство во серијата. Репторс, во петтиот меч, победија 118:93.

Белескаше во тимот на Торонто Норман Пауел со 25 поени (4/4 за три), а Демар дерозан постигна 18 кошеви. Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 30 поени и девет скокови. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија37 секунди

Костадиновски во Анкара: Продлабочување на соработката меѓу уставните судови на Македонија и Турција

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција,...

Спорт38 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт44 минути

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт59 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт1 час

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт1 час

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура1 час

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт8 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт11 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...