Контакт

Daily news

Меѓународен хорски форум – Струга 2017

Објавено пред

Учесниците имаат можност да се запознаат со македонската музичка традиција преку работа на музика од богатата хорска ризница со раководителот на Форумот, маестро Сашо Татарчевски.

Во периодот од 22 јуни до 1 јули 2017 година, во Струга ќе се одржи четвртиот Меѓународен хорски форум. Хорскиот форум претставува единствен меѓународен хорски настан во Македонија со едукативни содржини и се карактеризира со уникатна концепција. Во периодот од 9 дена хоровите учесници имаат можност да се запознаат со македонската музичка традиција преку работа на музика од богатата хорска ризница со раководителот на Форумот, маестро Сашо Татарчевски.

Тој и специјалниот гостин на годинешното издание, маестро Денеш Сабо од Унгарија, ќе одржат мастер класови за диригирање и практична работа со хорски ансамбли.

По исклучително успешните три претходни изданија, форумот и годинава ја проширува понудата со нови содржини за учесниците, како и уште повеќе отворени концерти за публиката. На 23 јуни (петок) е концертот на свеченото отворање на форумот на кој ќе настапат сите хорови. На 25 јуни (недела) ќе се одржи концерт со програма која ја рефлектира традицијата на земјите учеснички на форумот. И двата концерти ќе се одвиваат на специјално направената сцена во прекрасниот манастир во Калишта, а освен странските ансамбли на овие концерти ќе настапи и женскиот младински хор при МКЦ, Скопје. Завршниот концерт на форумот, кој традиционално се одржува во црквата Св. Софија во Охрид е закажан за 29 јуни (четврток), со почеток од 19 часот, каде ќе се презентира програмата која се работи во текот на форумот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува...

Македонија6 минути

Делови од Ѓорче Петров денеска без вода

РЦУК – Скопје известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-400 на Лука Геров 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од...

Спорт8 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт8 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет9 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура9 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет10 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт10 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...