Контакт

Daily news

Меѓународна криминална група пренесла 39 килограми марихуана преку Охридското Езеро

Објавено пред

 

Полицијата го уапси 48. годишниот К.Х. од Струга, во акција за сузбивање на меѓународна организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога.

Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР од Охрид, покрај К.Х., од слобода го лиши и 34. годишниот С.А. од Скопје.

Против двајцата, како и против двајца албански државјани, С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44) до ОЈО за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’“.

Врз основа на спроведената истрага утврдено е дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38,955 килограми марихуана од непознати лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец, Република Албанија, организирале истата да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското Езеро.

Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец и истата на брегот од езерото во близина на селото Калишта била превземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група (кривично пријавен во февруари годинава во реализиран случај и заплена на 38,955 килограми марихуана) кој ја однел дрогата во неговата куќа во селото Калишта, со цел истата да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А.

Најново

Забава44 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет1 час

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет2 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион3 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет3 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура4 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...