Контакт

Daily news

Милитантната сигурност државите во светот ги чини неверојатни 1.686 милијарди долари

Објавено пред

Последните податоци на стокхолмскиот Институт за мировни истражувања „SIPRI”, воените глобални трошоци во 2016 година достигнале 1.686 милијарди долари, или околу 2,2 проценти од глобалниот БДП. Тоа е зголемување од околу 0,4 проценти во 2015 година, а ова на некој начин би можело да биде и поради ескалацијата на глобалното мешање во крвавата граѓанска војна во Сирија или поради опасноста од нуклеарен судир помеѓу САД и Северна Кореја.

Во листата на земји кои најмногу трошат на својата војска според податоците на „SIPRI”, се наоѓаат САД со трошоци од 611 милијарди долари. Тоа е 36 проценти учество од глобалниот тотал, но тоа е, сепак, 20 проценти помалку во однос на врвот кој САД го доживеале во 2010 година, пишува Indy100. Во Кина овој трошок изнесува  215 милијарди долари  или 13 проценти од глобалниот удел. Русија издвојува  69,2 милијарди долари и  има глобален удел од 4,1 проценти, со зголемување од 87 проценти во однос на 2007 година. Индија троши 55,9 милијарди долари, или 3,3 проценти од глобалниот удел, додека Франција има трошок од 55,7 милијарди долари или 4,4 проценти од глобалната потрошувачка на војска. Трошокот на Обединето Кралство изнесува  48,3 милијарди долари, а тоа секако не е малку, но, сепак, придонело за пад на шесто или седмо место, што се припишува на девалвацијата на фунтата по референдумот. Јапонија троши 46,1 милијарди долари годишно на војска, или 2,7 проценти од глобалниот удел. Германија – 41,1 милијарда долари. Тоа е околу 2,4 проценти од глобалниот удел.

Меѓу државите кои трошат најмногу на својата војска се и Италија, Австралија и Бразил. крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт5 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт6 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника9 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...