Daily news
Милошоски повторно побара нови избори
Антонио Милошоски на денешната прес-конференција во Собранието, го повтори ставот на партијата дека излезот од кризата се нови парламентарни избори.
„Зоран Заев ја држи Македонија во криза. Нема доблест да прифати предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Тој е толку уценет и уплашен, што е спремен да оди на сè или ништо. Тој како човек кој бил аболициран не треба да се надева на втора аболиција“, рече Милошоски.
На новинарско прашање за ставот на меѓународната заедница дека излезот од кризата не се нови избори, туку побрзо формирање на нова влада и враќање на институциите на патот кон ЕУ, Милошоски вели дека Собранието распишувало избори, а не странците.
„Народот ги избора пратениците, а избори распишува Собранието. Странците немаат право да се мешаат за тоа дали во Македонија треба или не треба да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, рече Милошоски. /крај/гдм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
